Фудбалските ѕвезди се собраа на вечерашното доделување на Best Fifa Football Awards во Лондон. На манифестацијата ќе бидат наградени најдобрите во фудбалот за изминатата година.
Меѓу спортските легенди беа и Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои се бореа за наградата Најдобар фудбалер за 2017 година според ФИФА. Сепак, наградата заврши во рацете на Роналдо.
Роналдо ја доби поддршката од бремената девојка Џорџина Родригез и малиот син Кристијано Џуниор. Џорџина го носи четвртото дете на славниот Португалец.
Меси позираше на зелениот тепих со саканата сопруга Антонела Рокуцо, која исто така е во блажена состојба. Парот, кој стапи во брак во јули оваа година, го очекува своето трето дете.