Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кејт Мос се омажи во фустан на Џон Галијано

ФОТО: Кејт Мос се омажи во фустан на Џон Галијано

Супермоделот Кејт Мос се омажи за рокерот Џејмс Хинс. 37-годишната манекенка го изговори судбоносното „Да“ на свечена церемонија во мирно село во Англија.

Џејми, Кејт и нејзината ќеркаЏејми, Кејт и нејзината ќерка

Откако беа прогласени за сопруг и сопруга, Кејт и Џејми позираа пред црквата опкружени со 15 девојчиња, меѓу кои и 8-годишната ќерка на Мос, Лила Грејс.

Кејт Мос и Џејмс Хинс Кејт Мос

Среќната невеста носеше фустан во крем боја во винтиџ стил, за кој се верува дека е дизајниран од нејзиниот добар пријател Џон Галијано, а Маноло Бланик за Кејт создаде специјални свадбени обувки. Нејзиниот сопруг за свечената церемонија избра светло син костум од Ив Сен Лорен.

Свадбената прослава ќе трае цел викенд и се очекува на неа да присуствуваат 300 гости, па поради тоа медиумите ја нарекуваат и „Mosstock“. Ако се прашувате колку ќе чини, се шпекулира дека Мос и Хинс ќе одделат преку 550 000 евра за свадбениот викенд.

Кејт и нејзиниот татко се движат кон цркватаКејт и нејзиниот татко се упатуваат кон црквата

Парот се запознал во 2007 година, само неколку месеци откако Кејт раскина со музичарот Пит Доерти. Кејт и Џејмс се свршија во февруари оваа година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.