• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Згодниот Бред Пит шармира на Канскиот филмски фестивал

22 мај 2012, 12:29
  • cподели

Златното момче на Холивуд, Бред Пит, пристигна во Кан и стави искра во женските погледи. Славниот актер позираше во кежуал сив костум и бела маичка со „V“-израз. Иако на неговото лице беа видливи нежни линии, Бред докажа дека годините не го уништиле неговиот привлечен изглед.

Бред Пит

48-годишниот актер присуствува на Канскиот филмски фестивал за да го промовира својот нов филм „Killing Them Softly“.

На прес-конференцијата Бред ги заглуши гласините дека планира свадба со Анџелина Џоли ова лето и откри дека поради преголемата зафатеност сè уште немаат одредено датум.

„Навистина немаме одредено датум“ – изјавил тој и потенцирал дека сè уште се надеваат дека пред нивната свадба ќе се донесе закон во САД со кој ќе се овозможи брак помеѓу претставници на ист пол.

Бред Пит Бред Пит

Бред објаснил и дека Енџи не присуствува на Канскиот филмски фестивал поради сопствени ангажмани. „Таа не е тука моментално. Се подготвува за филм кој ќе започне наскоро“ – дополнил тој.

Бред Пит

Во филмот „Killing Them Softly“ Бред Пит е во улогата на платен убиец. Пред новинарите тој признал дека не му било тешко да се внесе во улогата. „Многу потешко ќе ми биде да глумам расист отколку личност што пука во лицето на некој друг. Живееме во многу насилен свет. Не гледам свет без насилство“ – изјавил тој.

Бред Пит
Tags
Бред Пит

Најнови

  • „Времето како да застана“: Ангела од Скопје за романтичниот предлог за брак од саканиот Николче во Св. Наум

    Wed, 06/10/2026 - 22:30
  • „Другари од првиот училишен ден, па засекогаш“: Ученици и наставници од Струмица со видео за крајот на школската година

    Wed, 06/10/2026 - 22:05
  • ФЗО ги намалува цените на ХПВ и ПАП тестовите

    ФЗО: Намалување на цените на ХПВ и ликвид ПАП тестовите

    Wed, 06/10/2026 - 17:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.