Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Еве како ќе изгледа сцената на Оскар 2016 декорирана со 200.000 кристали

ФОТО: Еве како ќе изгледа сцената на Оскар 2016 декорирана со 200.000 кристали

Престижната манифестација, на која Академијата за филмски уметности и науки ги наградува најуспешните во филмската индустрија, секоја година ја заслепува публиката со својот сјај.

На 28 февруари ќе се одржи 88. издание на Оскарите во Долби Театарот во Калифорнија, а засега можеме само да ѕирнеме како ќе изгледа гламурозната сцена на свеченоста.

За дизајност на сцената, четврта година по ред е ангажиран дизајнерот Дерек МекЛејн, кој за овогодишното доделување на академските награди се инспирирал од холивудскиот гламур во 70-тите години. „Мојата инспирација навистина дојде од прекрасните филмови од 1970-тите години, што ми е еден од омилените периоди. Навистина се забавував играјќи си со таквите дизајни за шоуто“ – изјавил МекЛејн.

Околу 1.600 часа биле потрошени за да се финишира кристалната сцена декорирана со 200.000 сваровски кристали.

Крис Рок ќе биде водител и ќе ги забавува славните гости на церемонијата.

Оскари 2016 Оскари 2016 Оскари 2016 Оскари 2016

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.