Кејт Мидлтон, која сега е Кетрин, војвотка од Кембриџ, продолжи да покажува префинетост и едноставна елеганција и со вториот невестински фустан.
За вечерната прослава таа повторно избра креација на Сара Бартон. Минималистичкиот фустан беше изработен од сатен и на половината беше надополнет со дијамантски колан. Кејт го комплетираше изгледот со ангорско бело болеро џемперче.
Кејт Мидлтон во вториот фустан, повторно креација на Сара Бартон
Според гласините, Кејт имала и трет фустан за ако се случи нешто непредвидено. За среќа, не мораше да го искористи.
Вечерта Кејт ја остави и дијамантската тијара и слободно ја пушти својата коса.
И принцот Вилијам ја остави својата „натрупана“ униформа и се преслече во елегантен смокинг.
Вилијам, Кејт и Чарлс
Сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон, која за свадбената церемонија носеше бел фустан, на вечерната прослава блесна во смарагдно зелена тоалета на Алис Темперли.
Пипа Мидлтон во тоалета на Алис Темперли
