Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли со ќерките Захара и Шајло посети камп за сириски бегалци во Јордан

ФОТО: Анџелина Џоли со ќерките Захара и Шајло посети камп за сириски бегалци во Јордан

За својата петта посета на кампот Затари, Анџелина Џоли ги поведе со себе ќерките Захара и Шајло.

Холивудската актерка отпатува во Јордан во улога на амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и одржа краток говор во кој ги повика политичарите да најдат трајно решение на кризата во Сирија, за да се стави крај на страдањето на сирискиот народ. Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Мојата порака до меѓународната заедница денес: Да, ве молам направете повеќе за да им помогнете на очајните сириски семејства и на земјите кои ги примија. Но, пред сè обезбедете ги лидерството и силата потребни за да се испреговара морален крај на оваа бесмислена војна - без да се жртвува достоинството и човековите права на сириските семејства. Тоа не подлежи на преговори.“

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Моите ќерки Захара и Шајло побараа да дојдат со мене денес. Тие разговараа и си играа со деца на нивна возраст кои беа принудени да ги напуштат нивните домови, чии роднини се убиени или исчезнати и се борат со траума и болест, но кои на крајот на денот се само деца, со исти надежи и права како децата од кога било друга нација“ - рече таа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Кампот во Јордан е дом на околу 80.000 бегалци.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11950 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.