Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли негира тајна свадба и посвојување

ФОТО: Анџелина Џоли негира тајна свадба и посвојување

Надолго и нашироко се пишуваше дека Анџелина Џоли и нејзиниот славен партнер Бред Пит наскоро ќе стапат во брак на тајна церемонија. Потоа се пишуваше дека Џоли планира ново посвојување. Сите тие гласини сега се негирани од 36-годишната актерка, која за списанието Vanity Fair призна дека „нема тајна свадба“.

„Не сум бремена. Не посвојувам во моментов“ – изјавила таа.

За списанието Џоли позираше и со две од нејзините шест деца, Захара и Вивиен, а исто така и зборуваше за нејзиниот филм „In the Land of Blood and Honey“.

Анџелина со Захара и ВивиенАнџелина со Захара и Вивиен

Убавата актерка објаснила дека идејата за сценариото ја добила додека била болна од грип и изолирана од своето семејство. „Имав грип. Мораше да бидам во карантин, подалеку од децата два дена. Бев на таван во куќата во Франција. Не гледам телевизија и не читав ништо, па почнав да пишувам. Отидов од почетокот до крајот. Јас не познавам друг начин“ – раскажала таа.

Анџелина Џоли

Во текот на тој период Бред целосно ја поддржувал и бил нејзин критичар. „Ќе дојдеше и ќе кажеше што му се допаѓа или што не разбира. Како и секоја друга жена, ќе го ислушав во поголем дел и ќе му се спротивставев за некои работи. Тој многу ме поддржуваше“ – додала Џоли.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.