Адријана Лима и Марко Јариќ се еден од омилените славни парови за кои се вели дека се како родени еден за друг. Убавиот ангел на Victoria’s Secret и нејзиниот сопруг споделија фотографија на Twitter на која ја покажуваат својата љубов.

„Заљубени“ – пишува во пораката под фотографијата.
Лима очигледно ужива во семејната идила со двете мали ќерки, тригодишната Валентина и шестмесечната Сиена.

31-годишната манекенка пред неколку дена сподели и фотографија на која позира во фустан кој го добила како подарок од Лејлани Доудинг.

Лима и Марко се заедно од јуни 2008 година, а стапија во брак на Св. Валентин 2009 година.