Берк Октај и Јилдиз Чагри Атиксој ја добија најважната улога во нивните животи. Турските актери станаа родители и среќната вест ја споделија објавувајќи неодоливи фотографии со бебенцето.
41-годишниот актер, кој го глумеше Фират во „Малите сонца“, позираше со



„21 мај 2024 година започна како најстрашниот ден во мојот живот и се претвори во најчудесниот ден. Животот нè потсети уште еднаш на важноста на луѓето што ги вклучивме на нашето патување. Прво, засекогаш ќе му бидам благодарна на Бог, а потоа на нашиот драг доктор Риза и неговиот тим, кои ни помогнаа безбедно да ја донесеме нашата Мира Милена на овој свет. Нашата ќерка сакаше да ни се придружи, делумно плашејќи нè и однесувајќи се како да ѝ се брза. Излезе дека е нетрпелива како нејзината мајка.“
„Му благодарам на Бог што нашата приказна имаше среќен крај. Добредојде на овој свет Мира Милена Октај“ – напиша Јилдиз во описот.


Берк и Јилдиз стапија во брак во септември 2022 година, а во декември минатата година објавија дека очекуваат принова.

