Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ти си нашиот ангел“: Новак и Јелена Ѓоковиќ со слатки пораки ѝ го честитаа третиот роденден на ќеркичката Тара

„Ти си нашиот ангел“: Новак и Јелена Ѓоковиќ со слатки пораки ѝ го честитаа третиот роденден на ќеркичката Тара

Ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ наполни три години.

За да ѝ го честитаат роденденот на нивната мала принцеза, 33-годишниот тенисер и неговата 34-годишна избраничка споделија фотографии и пораки на Instagram. Како и секогаш, лицето на девојчето е скриено, бидејќи и двајцата се трудат да ја зачуваат приватноста на нивните деца подалеку од очите на јавноста.

„Среќо и љубов наша, среќен роденден. Фала ти што ни носиш светлина и радост во животот со твоите насмевки. Ти си нашиот ангел и благословени сме што те имаме во животот. Те сака Тато“ – напиша Ноле во описот на фотографија на која се прегрнува со Тара.

Јелена објави фотографија на која ја прегрнува ќерката на плажа и напиша: „Фала ти што нè избра нас мила моја радоснице. Среќен 3-ти роденден“.

Јелена и Тара Јелена и Тара

Јелена многу внимава на едукацијата на нејзините деца и обожава да им чита. Пред три дена таа сподели видеа во кои читаат и раскажуваат со Тара.

Јелена и Ноле се заедно од 2005 година, а во јули 2014 година стапија во брак во Црна Гора. Заедно имаат уште еден син, Стефан.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.