Џанлука Ваки ѝ приреди роденденско изненадување на саканата Шерон Фонсека.
53-годишниот милионер организираше интимна забава со торта и балони, а на социјалните мрежи напиша слатка порака за мајката на неговата ќерка.

„Среќен роденден љубов моја! За првпат се запознавме пред 3 години и 10 дена, а јас не бев ни свесен колку голем благослов испратил Бог на мојот пат тој ден. Денес ја имаме Блу Џерусалема и љубовта продолжува да расте секој ден во нашето семејство. Те сакам моја Кралице, повеќе од вчера, помалку од утре. Твојот, Џанлука“ – напиша тој.
Шерон сподели фотографии и видео од среќниот ден.


Видео
Парот ја доби ќеркичката на крајот од октомври минатата година.
