• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Тамара Тодевска со емотивна објава потврди дека ги откажува концертите и потенцира: „Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри“

5 јули 2019, 17:03
  • cподели

Тамара Тодевска ги откажува закажаните концерти во Охрид и Прилеп. По многубројните критики кои беа упатени кон неа по настапот во Амбасадата на САД во Скопје, кога таа изостави дел од химната, македонската пејачка објави дека нема да настапува во Антички театар во Охрид и на Пивофест во Прилеп.

Во емотивната порака, Тамара сподели дека изминативе денови биле измачување за нејзиното семејство, дека се повлекува од ангажманите за да помогне во смирувањето на ситуацијата која излезе од контрола, а и потенцира дека изоставувањето на стихови од химната била ненамерна грешка и дека никогаш нема да биде дел од политички игри.

Тамара Тодевска

Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид.

Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор.

Со почит, Ваша Тамара

Tags
Тамара Тодевска

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.