Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка, сопругата сподели дека тој живее во дом за нега поради деменцијата

Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка, сопругата сподели дека тој живее во дом за нега поради деменцијата

Брус Вилис ретко може да се види во јавност поради напредувањето на неговата болест.

Сред битката со деменција, 70-годишниот актер беше фотографиран на прошетка во Лос Анџелес придружуван од неговиот негувател. Брус изгледаше расположено, дури и се смееше во еден момент.

Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис

Ѕвездата од „Die Hard се повлече од глумата во 2022 година и соопшти дека му била дијагностицирана афазија. Подоцна, беше соопштено дека станува збор за фронтотемпорална деменција.

Поради влошувањето на состојбата на холивудскиот актер, неговата сопруга Ема Хеминг одлучи тој да живее во посебен дом каде ќе добива соодветна нега. Тоа ѝ била најтешката одлука во животот, но била најдобрата опција кога се во прашање нивните две деца. „Прво и основно, знаев дека Брус тоа би го сакал за нашите ќерки. Тој би сакал да живеат во дом кој е скроен за нивните потреби, а не за неговите“ - појасни таа.

Новиот дом на Брус бил во нивна близина за да можат често да поминуваат време заедно како семејство.

Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис

Неодамна се одржа настан во чест на Брус, на кој присуствуваше и неговата поранешна сопруга Деми Мур, со која останаа пријатели по разводот. Тие имаат три ќерки.

Брус Вилис

Брус и Ема се родители на Мабел и Евелин.

Брус Вилис Брус Вилис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.