• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Стајлингот на Викторија и Дејвид Бекам на кралската свадба

29 април 2011, 16:06
  • cподели

Викторија и Дејвид Бекам беа меѓу првите гости кои утрово пристигнаа во Вестминистерската опатија за да бидат сведоци на „венчавката на столетието“.

Бремената Викторија беше облечена во тегет широк фустан со должина до колената од нејзината колекција за сезоната есен/зима 2011. 37-годишната дизајнерка, која е во седмиот месец од бременоста, со широкиот фустан во минималистички стил се обиде да го сокрие големото стомаче.

Викторија и Дејвид Бекам Викторија и Дејвид Бекам

Популарната г-ѓа Бекам се вклопи во кралскиот стил на облекување со помош на шапка во форма на бонбона од познатиот дизајнер Филип Трејси. Гламурозната шапка Викторија ја искомбинира со едноставна фризура коњско опавче.

И се разбира, модерната сопруга на Дејвид не ги избегна високите потпетици по кои е препознатлива. Таа изгледот го комплетираше со високи сатенски чевли од Кристијан Лобутин.

Викторија и Дејвид Бекам Викторија и Дејвид Бекам

Дејвид пак се појави во костум од линијата Ralph Lauren Purple Label, во комбинација со посветла вратоврска. На десната страна 35-годишниот фудбалер го носеше својот OBE (Order of the British Empire) медал.

Како и Викторија, и Дејвид носеше шапка од Филип Трејси за да го комплетира својот традиционален англиски изглед.

Tags
Викторија Бекам
Дејвид Бекам

Најнови

  • Ар Џеј Мите

    Почина ѕвездата од „Breaking Bad“ на 34 години: Ар Џеј Мите наводно си го одзеде животот

    Mon, 10/12/2026 - 23:53
  • „Ми го скрши носот... Во најмрачните ноќи, децата ми ги бришеа солзите“: Ирена Китановска првпат јавно говори за семејното насилство

    Sun, 10/11/2026 - 20:30
  • Преку знаење до економска независност: Diamond Mall ја започна програмата за зајакнување на жените во бизнисот

    Sun, 10/11/2026 - 10:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.