Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сопругата на Брус Вилис се отвори за неговата деменција, сподели дали тој е свесен за дијагнозата

Сопругата на Брус Вилис се отвори за неговата деменција, сподели дали тој е свесен за дијагнозата

По повод Светската недела за подигнување на свеста за фронтотемпоралната деменција, Ема Хеминг во интервју зборуваше за состојбата на сопругот Брус Вилис.

45-годишниот модел рече дека е многу тешко да се каже дали актерот е свесен што точно му се случува, дека болеста го засега целото семејство и дека дијагнозата е благослов и проклетство.

Ема Хеминг

„Деменцијата е тешка. Тешка е за личноста на која ѝ е дијагностицирана, но тешка е и за семејството. Кога велат дека е фамилијарна болест, навистина е“ – рече таа и призна дека не се сигурни дали Брус е свесен за неговата состојба.

„Тешко е да се каже“ – додаде таа.

За семејството Вилис добивањето на дијагнозата не било лесно, но сите се среќни што конечно можеле да ги разберат промените во однесувањето на Брус. Нивните две мали ќерки научиле важни лекции гледајќи го нивниот татко и грижејќи се за него.

„Тој е дар кој продолжува да дарува. Ги научи нашите ќерки на љубов, трпеливост и издржливост. Ги учи многу за грижата и љубовта и тоа е навистина убаво нешто сред тагата“ – рече Ема.

Ема Хеминг

Важно е да се истакне дека деменцијата е нешто сосема поразлично од Алцхајмеровата болест.

„Може да го засегне говорот, однесувањето, карактерот... Тука зборуваме за необјасниви промени во однесувањето на една личност во светот. Некој кој нормално зборува апсолутно добро може да има проблеми да ги изрази мислите со реченици кои имаат значење или може да го изгуби значењето на специфичен збор“ – рече соговорничката на Ема, Сузан Дикинсон.

Семејството Вилис сподели во каква здравствена состојба е Брус во февруари оваа година.

Славниот глумец се повлече од актерството минатата година. Тој е во брак со Ема Хеминг со која има две ќерки. Претходно, беше оженет со Деми Мур со која има три ќерки и одржува одлични пријателски односи.

Ема Хеминг Ема Хеминг Ема Хеминг Ема Хеминг Ема Хеминг

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25431 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.