Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Совршенство не постои, но вистинска љубов постои: Борко Ристовски се ожени со саканата Нина која го носи нивното прво дете

Совршенство не постои, но вистинска љубов постои: Борко Ристовски се ожени со саканата Нина која го носи нивното прво дете

Борко Ристовски се ожени со девојката која го носи неговото прво дете. Голманот на македонската ракометна репрезентација со фотографија објави дека стапи во брак со Николина, која ја зароси пред речиси еден месец.

Борко и Нина за кратко време ќе се радуваат на доаѓањето на овој свет на нивното синче, кое ќе го носи името на покојниот татко на Борко, Душан.

„Сега и официјално женет човек. Николина не само што е прекрасна туку има срце и душа со кое ме „купи“ за цел живот. Среќен што си во мојот живот“ – напиша Борко.

„Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусебно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на сè. Јас сум среќна на сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе растеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно“ – напиша Нина во описот на колаж со фотографии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.