Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Славни родители и деца со најмногу стил

Славни родители и деца со најмногу стил

Ќерката на Кејти Холмс и Том Круз и ќерката на Мадона се најдоа на врвот на листата на деца на славните со најмногу стил.

Сури КрузСури Круз Лурдес и МадонаЛурдес и Мадона

5-годишната Сури Круз, која веќе е најфотографираното дете во светот, и 13-годишната Лурдес добија по 17% од гласовите во анкета спроведена од сајтот Woolworths.

Лурдес своето чувство за мода и стил го покажа преку колекцијата „Material Girl“ што ја направи во соработка со својата мајка. Сури честопати е именувана како најдобро облеченото дете во Холивуд, а Кејти Холмс скоро во ниту едно интервју не пропушта да ја пофали својата ќеркичка, тврдејќи дека има неверојатен вкус за облекување.

Веднаш зад нив се најде сè попопуларната ќерка на Вил Смит, 9-годишната Вилоу Смит. Таа се прослави со својот уникатен стил на облекување и заразната песна „Whip My Hair“. Малите Бекамови го зедоа четвртото и петтото место.

Вилоу СмитВилоу Смит Вилоу СмитВилоу Смит

Од родителите, за ѕвезда со најмногу стил беше прогласена Гвен Стефани, која доби 23% од гласовите. На второ место застана Викторија Бекам, веднаш зад неа се најде нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, а на четвртата позиција остана Анџелина Џоли.

Еве ги и целосните листи:

Славни деца
со најмногу стил

  1. Лурдес Леон
  2. Сури Круз
  3. Вилоу Смит
  4. Бруклин Бекам
  5. Ромео Бекам
  6. Кингстон Росдејл
  7. Дејзи Оливер
  8. Медокс Џоли-Пит
  9. Харлоу Ричи

Славни родители
со најмногу стил

  1. Гвен Стефани
  2. Викторија Бекам
  3. Дејвид Бекам
  4. Анџелина Џоли
  5. Кејти Холмс
  6. Вил Смит
  7. Бред Пит
  8. Џејми Оливер
  9. Мадона

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11846 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.