Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се разведуваат по 25 години брак

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се разведуваат по 25 години брак

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин се разведуваат. Парот беше во брак 25 години.

Според информации од странските медиуми, 54-годишниот поранешен модел поднесе документи за развод од 76-годишниот актер изминатиот петок.

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин

Гласините за нивниот развод започнаа минатиот месец, кога Флавин сподели фотографија со трите ќерки и во описот напиша: „Овие девојки ми се приоритет. Ништо друго не е важно. Само ние четири засекогаш“.

Пред неколку дена, Сталоне ја покри тетоважата од Џенифер која ја имаше на неговото рамо и на нејзино место постави тетоважа од неговото куче Буткус.

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин

Сталоне и Флавин стапија во брак во 1997 година. Тие се родители на 25-годишната Софија, 24-годишната Систин и 20-годишната Скарлет.

Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин Силвестер Сталоне и Џенифер Флавин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12064 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.