• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Семејството на Брус Вилис објави дека тој има деменција

17 февруари 2023, 08:14
  • cподели

Помалку од една година по објавувањето на веста дека има афазија, Брус Вилис има нова дијагноза - фронтотемпорална деменција.

Семејството на 67-годишниот актер сподели дека состојбата му се влошува поради „суровата болест“, но дека им е олеснување што конечно имаат точна дијагноза.

Во заедничката изјава на неговата сегашна сопруга Ема, поранешната сопруга Деми Мур и петте ќерки стои:

Брус Вилис

По објавувањето дека на Брус му е дијагностицирана афазија во пролетта 2022 година, неговата болест напредуваше и сега имаме поспецифична дијагноза: фронтотемпорална деменција (ФТД). За жал, предизвиците во комуникацијата се само еден од симптомите на болеста со која се соочува Брус. Колку и да е болно ова, олеснување е што конечно имаме јасна дијагноза.

ФТД е сурова болест за која многумина од нас не слушнале, но може да ја добие секој. За луѓето под 60-годишна возраст, ФТД е најчестата форма на деменција. Поради тоа што за дијагностицирање може да поминат години, ФТД е многу пораспространета отколку што знаеме.

Денес, нема лек за болеста, реалност која се надеваме дека ќе можеме да ја промениме во години кои доаѓаат. Додека напредува состојбата на Брус, се надеваме дека вниманието на медиумите ќе биде фокусирано кон болеста која бара поголема свест и истражување

Брус отсекогаш веруваше дека треба да го искористи својот глас во светот за да им помогне на другите и да ја подигне свеста за важните проблеми, и јавно и приватно.

Длабоко во нашите срца знаеме дека ако денес можеше, тој ќе се обидеше да го насочи глобалното внимание кон ова и ќе започнеше да се поврзува со оние кои исто така се справуваат со оваа изнемоштувачка болест.

Нашето е само едно семејство со сакана личност која страда од ФТД и ги охрабруваме другите кои се соочуваат со неа да побараат информации преку theaftd.org.

Брус секогаш наоѓаше радост во животот и им помагаше на сите што ги познава да го направат истото. Трогнати сме од љубовта која ја споделувате со нашиот драг сопруг, татко и пријател во овие тешки времиња.

Брус се повлече од актерството минатата година. Тој е во брак со Ема Хеминг со која има две ќерки. Претходно, тој беше оженет со Деми Мур со која има три ќерки и одржува одлични пријателски односи.

Брус Вилис Брус Вилис Брус Вилис

При челно-слепоочната деменција (frontotemporal dementia) настанува постепено и сè поголемо оштетување на челните и слепоочните резни на мозокот. Знаците на болеста честопати се јавуваат кога луѓето се на 50 или на 60-годишна возраст, а понекогаш и порано.

Има два главни вида на челнослепоочна деменција – челна (при која настануваат промени во однесувањето и во личноста на лицето) и слепоочна (при која настануваат нарушувања на говорот). Меѓутоа, овие два вида честопати се преклопуваат.

Бидејќи челните резни на мозокот ги контролираат расудувањето и општественото однесување, луѓето со челно-слепоочна деменција честопати имаат проблем да одржуваат општествено соодветно однесување. Може да бидат груби, да ги запоставуваат своите нормални обврски, да не можат да се контролираат или да повторуваат исти работи, да бидат насилни, да покажуваат недостиг на срам или да постапуваат непромислено.

Има два главни облика на слепоочниот или јазичниот вид на челно-слепоочната деменција. При семантичката (смисловна) деменција се јавуваат постепено заборавање на значењето на зборовите, проблеми да се најдат соодветните зборови и да се помнат имињата на луѓето, како и тешкотии да се разбира говорот. Прогресивната нефлуентна афазија (тешко и испрекинато зборување) се јавува поретко и влијае на способноста за течно зборување.

Челно-слепоочната деменција понекогаш се нарекува и фронтотемпорална лобарна дегенерација (frontotemporal lobar degeneration - FTLD) или Пикова болест (Pick’s disease).

Извор: Dementia Australia

Tags
Брус Вилис

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.