Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сара Џесика Паркер послаба од било кога

Сара Џесика Паркер послаба од било кога

Најновите фотографии од Сара Џесика Паркер воопшто не ја прикажаа во убаво светло. Нејзините обично убаво тонирани раце започнуваат да личат на рацете на Мадона.

Иако би помислиле дека многуте обврски и мајчинството на новородените близнаци се вистинската причина за преслабата фигура на ѕвездата на „Сексот и градот“, блиски на актерката изјавиле дека нездравата килажа е резултат од опседнатоста на Сара со диети и вежбање.

45-годишната актерка, која што заедно со Метју Бродерик е родител на 3 деца, ослабела 6 килограми и нејзината тежина сега е само 41 килограм.

„Таа отсекогаш посветувала внимание на здравјето, но ова е нешто ново. Загрижена е дека изгледа стара и чувствува дека треба да го зголеми вежбањето за да остане здрава, но изгледа како да е опседната“ – изјавил близок на Сара Џесика Паркер за британското списание Closer.

„За неа е нормално да биде во фитнес сала по 2 часа дневно и да трча по 8 километри, а се храни колку што може помалку“ – додал тој.

Сара во минати интервјуа веќе има изјавено дека балансирањето на работата и мајчинството ѝ предизвикува многу стрес.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11657 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.