Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сандра Булок ја изненади Скарлет Јохансон со бакнеж

Сандра Булок ја изненади Скарлет Јохансон со бакнеж

MTV филмските награди беа повод Сандра Булок за првпат да се појави пред телевизиските камери по скандалот со нејзиниот сопруг. Прекрасната актерка не пропушти да го одбележи овој момент и да го направи незаборавен.

Додека ја примаше наградата „MTV Генерација“, Сандра Булок ја изненади публиката со тоа што ја бакна в уста Скарлет Јохансон која беше со неа на сцената.

Сандра Булок и Скарлет ЈохансонСандра Булок и Скарлет Јохансон на доделувањето на MTV филмските награди

Дефинирајќи ја „Генерација наградата“ (Generation Award) како нешто што им се доделува на стари луѓе кои се тргаат од патот да им направат место на помладите, Булок ѝ се обрати на публиката со зборовите „Тоа нема да се случи. Останувам. Затоа што без разлика на тоа што имате видено или прочитано во последно време, го сакам она што го правам. И не одам никаде.“

За уште повеќе да ја развесели многубројната публика, Сандра одговори на некои од приказните за неа во таблоидите: „Прво, не сум мртва. Второ, сите имаат целулит, не само јас. На папараците им се потребни подобри објективи.“

Бредли Купер, Бети Вајт и Скарлет Јохансон ѝ ја доделија наградата на Булок и со тоа таа стана првата жена што ја добила оваа награда, којашто е MTV-верзија на награда за животно дело. Од воведувањето на оваа награда во 2005г., досега ја имаат добиено Том Круз, Џим Кери, Мајк Маерс, Адам Сендлер и Бен Стилер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.