Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сандра Булок посвои дете и побара развод

Сандра Булок посвои дете и побара развод

Сандра Булок и нејзиниот синСандра Булок и нејзиниот син

Деталите од животот на Сандра Булок во текот на оваа година постојано ги полнеа насловните страници на медиумите. Добивањето на Оскар, а воедно и на Златна малина, како и аферите на нејзиниот сопруг, беа главните причини поради кои папараците го следеа секој нејзин чекор.

Но, и покрај целиот тој интерес за 45-годишната актерка, таа и нејзиното најблиско семејство успеаја да одржат една голема тајна: Сандра Булок посвоила син.

Списанието People ексклузивно ја објави веста дека Сандра Булок е горда мајка на 3 и пол месечно машко бебе. Таа заедно со нејзиниот сопруг Џеси Џејмс го започнала процесот за посвојување пред 4 години и го донеле бебето Луис Бардо Булок во нивниот дом уште во јануари. Тие сакале посвојувањето да го објават по Оскарите.

Но, по скандалите поврзани со многубројните афери на Џејмс, Сандра го напушти нејзиниот сопруг и официјално за People објави дека поднела документи за развод. Поради тие настани, таа продолжува со процесот на посвојување како самохран родител.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12039 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.