Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Сандра Булок е прогласена за жена на годината од People

Сандра Булок е прогласена за жена на годината од People

Сандра Булок

Списанието People направи листа на 25-те славни личности кои оставија најголем впечаток во текот на 2010-та година.

Сандра Булок, која оваа година се разведе, посвои син и доби Оскар, е прогласена за „Жена на годината“. 46-годишната актерка доби Оскар за најдобра актерка, а една седмица подоцна беше во центарот на скандал предизвикан неверствата на нејзиниот сопруг.

Кратко време по објавувањето на аферите на Џеси Џејмс, Сандра поднесе документи за развод. Истовремено со вестите за разводот, стана јасно дека таа го посвои малечкиот Луис. Списанието Форбс пак оваа година ја прогласи за најплатена актерка во Холивуд.

Меѓу другите титули што ги додели People се: „The Entrepreneur“ на Ким Кардашијан, „Royal Couple“ на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, „Glam Parents“ на Анџелина Џоли и Бред Пит, „Screen Gem“ на Натали Портман и „Multitasker“ на идниот водител на Оскарите Џејмс Франко.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.