Рита Ора моментално е во Албанија, каде беше наградена од албанскиот претседател Бајрам Бегај и каде одржа свој концерт.
Како амбасадор на УНИЦЕФ, 31-годишната пејачка посети деца од ранливи категории во центарот „House of Colors“. Рита се забавуваше, разговараше и играше со децата кои ги користат услугите на центарот, а кои најчесто се жртви на насилство, запоставување, криминал, семејно насилство и трговија.





„Бев во ‘House of Colors’. Тимот тука се грижи за најранливите деца, овозможувајќи им засолниште, безбедност, едукација и можност за долгорочна помош. Работата која ја вршат тука навистина е неверојатна и непроценлива и се чувствувам навистина привилегирана што го среќавам тимот и што сум со овие неверојатни деца“ – напиша пејачката на Instagram.





Вчера, Ора беше наградена од претседателот Бегај со наградата „Naim Frashëri“, која им се доделува на Албанците кои имаат придонес во областа на науката, уметноста, културата и образованието. За пригодата, славната музичка ѕвезда носеше комбинација од Џамбатиста Вали.










Рита имаше и концерт во Тирана. Таа беше фотографирана со мајка си Вера и татко си Бесик.





