Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Протест на црвениот тепих: Женски марш на Канскиот филмски фестивал

Протест на црвениот тепих: Женски марш на Канскиот филмски фестивал

Гостинките на Канскиот филмски фестивал се обединија против родовата нееднаквост во светот на филмот.

За време на свеченоста по повод премиерата на „Girls Of The Sun (Les Filles Du Soleil)“, славни припаднички од понежниот пол учествуваа во симболичен марш.

Кејт Бланшет го предводеше протестот во кој учествуваа и Марион Котијар, Леа Сејду, Ава Дувернеј, Кристен Стјуарт и Салма Хајек.

Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал

Додека стоеше на популарните скалила прекриени со црвен тепих, Кејт одржа краток говор. „На овие скалила денес стојат 82 жени кои го претставуваат бројот на режисерки кои ги имаат искачено овие скалила од првото издание на Канскиот филмски фестивал во 1946 година. Во истиот период, 1,688 режисери ги имаат искачено истите овие скалила. Престижната награда Златна палма ја добил 71 режисер (премногу за да ги споменувам со имиња), но само две жени.“

„Жените не се малцинство во светот, а сепак сегашната ситуација во нашата индустрија го вели спротивното. Како жени, сите ние се соочуваме со уникатни предизвици, но стоиме заедно на овие скалила денес како симбол на нашата решителност и посветеност кон напредок“ – рече таа.

Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал Канскиот филмски фестивал

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11244 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.