Ребел Вилсон се гордее со новата фигура. Славната актерка го облече истиот фустан кој го носеше на Оскар пред 3 години и до израз дојде нејзиното големо слабеење.
43-годишната филмска ѕвезда овој пат се појави на постоскаровската забава на Vanity Fair во истата златна креација од Џејсон Ву.
„Оскари 2023. Одржливо, повторно го носам мојот фустан од Џејсон Ву од Оскарите 2020“ – напиша Ребел.



Таа беше придружувана од вереницата Рамона.



Минатата година, Ребел откри дека тајната за нејзиното слабеење се крие во пешачењето.
„Докторот ми рече: Ребел, најдобриот начин за да ги намалиш непосакуваните масти на телото едноставно е пешачењето. Не мора да биде со висок интензитет или на угорница, само умерено пешачење еден час дневно. Ако можеш да го направиш тоа за тебе, за твојот тип на тело, тоа е најдобриот начин за топење на непосакуваните масти на телото.“
„Понекогаш, наједноставното нешто како излегување и пешачење по еден час дневно е најнежното нешто за твоето тело и твоето тело ќе одговори на тоа“ – рекла Вилсон за Apple Fitness+ минатата година.


