Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски направија свадбена прослава за официјално да го одбележат нивното стапување во брак.
Македонскиот музички пар синоќа се веселеше со најблиските во познат скопски ресторан.
23-годишната пејачка блесна во впечатлива венчаница и со широка насмевка танцуваше со својот сакан. Тие имаат едно дете, Киан, кое исто така присуствуваше на прославата.




























Антониа и Роберт официјално стапија во брак на 30 април минатата година. Нивното синче се роди на 14 јули.