Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина Принц на 57 години: Музичкиот гениј пронајден мртов

Почина Принц на 57 години: Музичкиот гениј пронајден мртов

Славниот пејач Принц замина во легендите. Безживотното тело на 57-годишниот музичар беше пронајдено на неговиот имот во Минесота.

Полицијата сè уште истражува кои се причините за смртта.

„Со огромна тага потврдувам дека легендарниот иконски изведувач Принц Роџерс Нелсон почина“ – изјавила Ивет Ноел-Шур, претставничката на музичката икона.

Принц

Пред само една седмица, приватниот авион со кој патувал Принц итно слетал во Илиноис. Популарниот музичар веднаш бил префрлен во болница, но по краток престој бил пуштен дома.

Принц

За талентот на Принц говорат бројните постигнувања и награди кои ја красат неговата неколкудецениска кариера и музичките хитови кои му донесоа мултимилионска публика.

Во текот на 35-годишната кариера, Принц објави 39 соло албуми. Тој беше и добитник на Оскар за музичкото дело „Purple Rain“ од истоимениот филм, на Златен глобус и 7 Греми статуетки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.