Почина маестро Александар Џамбазов. Македонскиот диригент и композитор издиша за последен пат на 85-годишна возраст.
Игор Џамбазов ја сподели тажната вест со јавноста преку емотивен пост на Instagram.
„Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години...од денес, конечно со својата Анче...вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој...“ – пишува во описот.
Пред една година, Игор го запозна својот татко со неговата сакана Илина Арсова и споделија заедничка фотгорафија.
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Музичка академија завршил во Белград, а работеше во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Добитник е на голем број (педесетина) стручни награди.