Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина легендарниот водител Лери Кинг по битката со КОВИД-19

Почина легендарниот водител Лери Кинг по битката со КОВИД-19

Лери Кинг замина во легендите. Популарниот водител почина на 87-годишна возраст во болница во Лос Анџелес.

Веста за смртта беше објавена на Twitter.

Лери Кинг

„Независно дали интервјуираше Претседател на САД, странски лидер, славна личност, лице погодено од скандал или обичен човек, Лери сакаше да поставува кратки, директни и некомплицирани прашања. Тој веруваше дека концизните прашања обично озбезбедуваат најдобри одговори и не грешеше со тоа“ – стои во соопштението.

Изминатата година беше особено тешка за него. Тој изгуби две од своите пет деца во период од само неколку недели. Неговиот син Енди Кинг почина од срцев удар на 65 години, а неговата ќерка Чаја Кинг почина од рак на белите дробови на 51 година.

Во текот на животот, тој се соочи со многу здравствени предизвици. Во 1987 година имаше сериозен срцев удар, а кардиоваскуларните проблеми го следеа до крајот. Во 2017 година, нему му беше откриен и канцероген тумор на белите дробови, кој за среќа беше успешно отстранет.

На почетокот на годинава, Кинг беше хоспитализиран по позитивен тест за коронавирус. Иако извесно време беше на оддел за интензивна нега, според последните информации, тој закрепна и дишеше без механичка поддршка. За жал, оваа негова битка, заврши трагично.

Кинг ја започна својата кариера на радио, се прослави со „The Larry King Show“, а 25 години ја водеше „Larry King Live“ на CNN. Кариерата на светски познатиот водител се протега низ 6 децении, во кои има направено околу 40.000 интервјуа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8890 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.