Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По долга борба со неплодност, Тајра Бенкс доби синче со помош на сурогат-мајка

По долга борба со неплодност, Тајра Бенкс доби синче со помош на сурогат-мајка

Тајра Бенкс и нејзиниот партнер Ерик Асла станаа родители благодарение на сурогат-мајка. На 42-годишната манекенка и норвешкиот фотограф им се роди синче кое го доби името Јорк Бенкс Асла.

Познатиот модел со слатка фотографија на Instagram го објави доаѓањето на своето синче на овој свет. На неа има само бебешко капче со розови и сини линии, а во описот на постот пишува: „Најубавиот подарок за кој работевме и се молевме толку многу конечно е тука. Тој ги има моите прсти и големи очи и устата и брадата на татко му. Ѝ се заблагодаруваме на ангелот-жена која го носеше нашето бебе-чудо и се молиме за сите оние кои се борат да ја доживеат оваа радост. Јорк Бенкс Асла, добредојде на светот.“

Тајра Бенкс

Тајра минатата година ја откри својата борба со неплодноста и призна дека има поминато низ многу ин витро постапки, кои за жал биле неуспешни.

Во интервју за People, таа им посакала на сите оние парови кои се борат со неплодност, да можат да ја искусат истата радост која нивниот син им ја донел.

„Додека зјапам во убавите очи на мојот син, мислам на сите оние луѓе кои се борат со неплодност или неможност да носат дете и продолжувам да се молам за нив секој ден. Моите надежи и соништа се исполнети со убави желби за тие да го почувствуваат тоа што јас го чувствувам кога моето мало богатство, Јорк Бенкс Асла, е во моите раце“ – изјавила Бенкс за People.

Тајра Бенкс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.