Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Пинк им возврати на „одвратните тролови“ на социјалните мрежи кои коментираа за телото на нејзиното синче

Пинк им возврати на „одвратните тролови“ на социјалните мрежи кои коментираа за телото на нејзиното синче

Пинк не можеше да скрие дека е згрозена од коментарите кои ги доби на фотографија со двете деца.

Пред неколку дена, 39-годишната пејачка сподели фотографија на која со синчето и ќеркичката хранат пеликан покрај базен. Но, Пинк не забележала дека нејзиниот син Џејмисон ја соблекол пелената и дека му се гледаат интимните делови.

Некои од нејзините фанови веднаш побрзале да искоментираат за тоа, па дури и имало критики упатени кон неа затоа што му направила обрежување на пенисот на синчето.

Пинк веднаш ја избриша оригиналната фотографија од Instagram и постави нова, на која интимните делови на Џејмисон се покриени со црни линии. Во описот, таа го искажа својот гнев кон „одвратните тролови“ на социјалните мрежи. Еве го нејзиниот коментар:

Нешто сериозно не е во ред со многумина од вас. Кревате врева за пенисот на моето бебе? За обрежување??? Дали навистина го мислите тоа? Како и секоја нормална мајка на плажа, дури не ни забележав дека тој ја извадил пелената за пливање.

Ја избришав фотографијата, бидејќи сите вие сте проклето одвратни. А сега ќе ги исклучам моите коментари, нишајќи ја главата поради состојбата на социјалните мрежи, борците на тастатури и негативноста која ја носите во туѓите животи. Нешто сериозно не е во ред со многумина од вас.

Еве ви фотографија од пеликан, кој очигледно го уловивме и го измачувавме со часови пред да му го ставиме пенисот на бебето пред неговото лице.

Пинк ги забрани коментарите на фотографијата, но дискусиите и критиките за обрежувањето продолжуваат да се редат на останатите нејзини објави.

Пинк Пинк Пинк

Додека едни ги критикуваат одлуките на славната музичарка, други застануваат во нејзина заштита и се прашуваат како некој воопшто забележал дека кожичката на пенисот на нејзиното малечко е отстранета.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.