Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Песни, награди и хумор, но без Сашко Коцев... Атмосферата на Златна бубамара на популарноста

Песни, награди и хумор, но без Сашко Коцев... Атмосферата на Златна бубамара на популарноста

Синоќа, во Скопје се одржа 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“, на кое доделени беа многу награди за успешни личности во различни категории.

Оваа година, манифестацијата се одржа без шегите на Сашко Коцев, но затоа тука беа Атанас и Тино како главни водители за да мамат насмевки кај публиката.

Под мотото „Да штедиме, и да не се штедиме“, церемонијата овојпат траеше скратени 3 и пол часа.

Златна Бубамара на популарноста

Првата награда ѝ беше доделена на Лара Трпческа. Таа ја прими Златната Бубамара за Тинејџерски хит за „Животот пред мене е“. „Огромна е честа и среќата што ја добивам оваа Златна Бубамара вечерва“ – изјави таа.

Златна Бубамара на популарноста

Наградата за Трајни музички вредности му беше заслужено доделена на Јаков Дренковски. Тој го испеа неговиот хит „Скитник“.

Златна Бубамара на популарноста

За Најпопуларна тинејџерска серија оваа година прогласена беше „Тин Камп“. Во име на целата екипа, продуцентката Цаци Паковска одржа говор.

„Благодарам Ранко и Радио Бубамара за оваа награда. Благодарност огромна до нашиот ко-продуцент Македонската Радио Телевизија, до целата екипа на Тин Камп и секако до овие прекрасни деца актери коишто се херои на новата генерација. Оваа награда само ќе нè поттикне да работиме, да ги надминеме нашите креативни граници, да направиме уште подобра серија за нашите гледачи. Животот е навистина убав, верувајте во себе затоа што сè можете да успеете. Само идејата е важна. Ви благодарам од срце“ – рече Цаци.

Златна Бубамара на популарноста

На сцената беше повикана Лара Иванова која беше прогласена за Најперспективна пејачка. „Слушајте македонска музика и поддржувајте македонски артисти“ – порача Лара во својот говор, откако се заблагодари за наградата.

Лара ја испеа „Некогаш ќе помине“.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Водителката Ирена Спировска му ја додели Наградата за животно дело на доајенот на македонската музика Ефто Пупиновски. „Благодараност до убавата макесонска песна, која нè поддржува и во доброто и во злото и е наша духовна храна. Да живее нашата убава македонска песна“ – рече тој.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Беше доделена уште една награда за животно дело, овојпат во рацете на дамата на македонската народна музика Блага Петреска.

Златна Бубамара на популарноста

Добитниците на наградите за животно дело настапија заедно на сцената и ја изведоа „Песната може сè“.

Златна Бубамара на популарноста

Следната награда за животно дело им беше доделена на композиторите Ѓорѓи и Миле Барбаровски.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Андријана Јаневска настапи на сцената и со Наум Петрески и со Игор Џамбазов.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

На сцената се појави Џамбазов со Гуру Харе и испеа песна која ја напиша за Горан Пандев.

Златна Бубамара на популарноста

Пандев беше прогласен за Спортска легенда и доби громогласен аплауз од цела сала.

Златна Бубамара на популарноста

Следуваше една специјална награда – признание за тимот кој ја изврши првата трансплантација на црн дроб. Доктор Светозар Антовиќ и дел од неговиот тим ја примија стауетката за нивниот медицински успех. „Оваа награда ние сакаме да ја посветиме на вистинскиот херој во оваа приказна, а тоа е нашиот прв пациент Драган, којшто верувам дека вечерва нè гледа, и да му посакаме добро здравје“ – изјави Антовиќ и испрати апел за да поттикне да го развиваме органодарителството.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

На сцената се појави поранешната Мис на Македонија, која денес е една од најпознатите анестезиолози кај нас, д-р Марија Васиќ.

Таа му ја додели наградата за животно дело на Мирослав Илиќ, кој ја испеа „Божанствена жено“.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Следуваа театарските награди. Најпопуларна актерка беше прогласена Сашка Димитровска од МНТ, додека за Најпопуларен актер беше избран Александар Микиќ.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

На Наташа Петровиќ ѝ беше врачена наградата за Најпопуларна филмска актерка.

Златна Бубамара на популарноста

За Најпопуларна претстава, тимот на Златна Бубамара одлучи да ја прогласи претставата „Илуминати“.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

И Златан Стипишиќ Џибони беше награден со Златна бубамара. Тој изведе две свои песни, а за едната имаше гитарска придружба од виртуозот Влатко Стефановски.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Венко Андоновски сосем заслужено беше прогласен за Писател на годината.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Џамбазов им оддаде почит на двајца големи актери и еден голем музичар, кои нè напуштија во изминатата година. Станува збор за Марин Бабиќ, Катерина Крстева позната како „Мара Попара“ и врвниот хармоникаш и композитор Милан Завков, на кого постхумно му беше доделена Наградата за животно дело.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Игор откри дека Завков починал само неколку дена откако му соооштиле дека ќе му ја доделат наградата.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

ДНК беа прогласени за Најпопуларна група на годината, а Џамбо Агушев беше прогласен за Најдобар трубач и настапија сите заедно со неговиот оркестар.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Претставници од Македонската опера и балет ја подигнаа наградата за Најдобра балетска претстава, која беше доделена за „Госпоѓиците од Авињон“.

Златна Бубамара на популарноста

Браќата Мартин и Стефан од Next Time добија златна бубамара за Најдобар албум за „Мајка“, а Никола Мицевски за Композитор на годината.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Мики Јовановски Џафер им ја додели наградата за Концерт на годината на Меморија.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

На сцената настапија и Ана Петановска и Сара Мејс со Калина Велковска.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.