Пред два дена, изминаа 28 години од објавувањето на најпопуларната божиќна песна „All I Want For Christmas Is You“. Хитот на Мараја Кери беше објавен на 29 октомври 1994 година и инстантно ги зазеде првите места на светските топ листи.
Популарната песна секоја божиќна сезона повторно се враќа на врвот на празничните музички листи и се претпоставува дека до денес на Мараја ѝ има донесено над 70 милиони долари.

Според студија од „The Economist“, божиќниот евергрин речиси секоја година ѝ ја зголемува заработката на Кери за околу 2,5 милиони долари.
„All I Want For Christmas Is You“ на Мараја стана традиционална поп-песна со која се навестува Божиќ и суптилно ја зголемува магичната атмосфера која сите нè радува.
Во 2019 година, Мараја пред Божиќ објави и нов спот за песната.
Ова е доказ дека само еден хит може да им донесе цело богатство на музичките ѕвезди.