Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Парис Хилтон мислела дека кокаинот е гума за џвакање

Парис Хилтон мислела дека кокаинот е гума за џвакање

По апсењето во петокот вечерта, Парис Хилтон е обвинета за поседување на кокаин. Ако биде осудена, таа може да добие до 4 години затворска казна.

Но, 29-годишната старлета не се предава лесно и дури и најде оправдување за малата кесичка со кокаин што паднала од нејзината чанта пред да биде уапсена.

„Таа не го имала видено, но сега помислила дека е гума за џвакање“ – пишува во полицискиот извештај.

Парис Хилтон

Во извештајот е опишан целиот настан до последен детаљ. Во петокот вечерта полицаец во Лас Вегас ги застанал Парис Хилтон и нејзиното момче, затоа што се посомневал дека од нивната кола излегува чад од марихуана.

По тестовите на полицаецот станало јасно дека момчето на Парис не е во трезна состојба. Сепак, истрагата не завршила таму. Полицаецот ѝ рекол на Парис да излезе од колата, но таа побарала да ја придружат до WC-то во хотелот пред којшто биле застанати и побарала потоа да биде однесена во приватна соба подалеку од очите на многубројната публика која се насобрала околу автомобилот.

Полицаецот ја придружил Парис до хотелот, каде што таа побарала да си стави балсам за усни. Полицаецот ѝ ја подал чантата, но додека Парис вадела балсам за усни, од чантата паднала кесичка со кокаин.

Парис негирала дека чантата е нејзина. Таа тврдела дека ја позајмила од пријателка и дека половина од работите во чантата биле на нејзината пријателка, а половина ѝ припаѓале неа. Таа признала дека од чантата се нејзини скршено апче Albuterol, хартија која најчесто служи за виткање на марихуана, 1300 долари кеш и неколку кредитни картички, но продолжила да тврди дека кокаинот и неколку козметички продукти се на нејзина пријателка.

Останува да видиме дали судот ќе поверува на оваа приказна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.