Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Памела Андерсон со емотивна порака објави дека фудбалерот Адил Рами ја изневерувал и го нарече чудовиште

Памела Андерсон со емотивна порака објави дека фудбалерот Адил Рами ја изневерувал и го нарече чудовиште

Памела Андерсон со скршено срце објави дека ставила крај на врската со Адил Рами поради неверство.

51-годишниот модел на Instagram сподели дека 33-годишниот фудбалер имал љубовница и го нарече чудовиште.

Тешко ми е да прифатам.

Изминативе (повеќе од) 2 години од мојот живот биле голема лага.

Бев измамена, наведена да верувам дека... имавме голема љубов. Скршена сум што во изминативе неколку дена открив дека тој живеел двоен живот.

Тој порано се шегуваше за други фудбалери кои имаат девојки што живеат во апартмани блиску до нивните сопруги. Ги нарекуваше тие мажи чудовишта?

Но, ова е полошо. Ги лажеше сите.

Како е возможно да контролираш две женски срца и умови на ваков начин? Сигурна сум дека има и други.

Тој е чудовиштето.

Како е можно да им имам помогнато на толку многу луѓе, а да не сум доволно мудра да си помогнам себеси?

Пораката на Памела поттикна многу коментари полни со утешителни зборови.

Парот ја започна врската во 2017 година.

Памела Андерсон и Адил Рами Памела Андерсон и Адил Рами Памела Андерсон и Адил Рами Памела Андерсон и Адил Рами

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.