Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Официјалните свадбени фотографии на принцот Карл Филип и принцезата Софија

Официјалните свадбени фотографии на принцот Карл Филип и принцезата Софија

Шведското кралско семејство ги објави официјалните свадбени фотографии од принцот Карл Филип и принцезата Софија Хелквист, кои ја крунисаа својата врска со брак изминатата сабота.

На фотографиите среќните младенци позираа со своите семејства и влијателните гости.

Кралската шведска свадба Кралската шведска свадба Кралската шведска свадбаЛево од младенците се сестрите на Софија – Сара и Лина, а десно се сестрите на Карл Филип – принцезата Викторија и принцезата Меделин. Кралската шведска свадбаЛево од младенците се мајката и таткото на Софија – Мари и Ерик, а десно се родителите на Карл Филип – кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија. Кралската шведска свадба

30-годишната невеста носеше прекрасна венчаница од ателјето на шведската модна куќа Ida Sjöstedt и тијара која ѝ беше поклонета од кралот Карл XVI Густаф и кралицата Силвија. 36-годишниот младоженец носеше темна униформа.

Церемонијата се одржа во капелата на кралската палата во Стокхолм.

Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип Софија Хелквист и принцот Карл Филип

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.