Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Откриен идентитетот на Gossip Girl

Откриен идентитетот на Gossip Girl

Знаевте ли кој се крие зад Gossip Girl?

Синоќа беше емитувана последната епизода од хит серијата „Gossip Girl“. Милионите обожаватели ги видоа последните авантури на привилегираните жители од Upper East Side.

(Доколку сакате да се изненадите од крајот на „Gossip Girl“, сега е време да престанете да читате)

Gossip Girl

По стотици измами, неверства, заговори, среќни и несреќни врски, завршија приказните на Серена ван дер Вудсен (Блејк Лајвли), Блер Волдорф (Лејтон Мистер), Чак Бас (Ед Вествик), Нејт Арчибалд (Чејс Крафорд), Ден Хамфри (Пен Баџли) и многу други ликови.

Благодарение на фотографиите од папараците, многу фанови на серијата знаеја дека ги очекуваат две свадби.

Конечно Блер го тргна свршеничкиот прстен од вратот и му стана сопруга на Чак. Привлечната невеста блескаше во син фустан од Ели Сааб.

Gossip Girl Gossip Girl

Последната епизода го откри и идентитетот на личноста зад мистериозниот блог кој ги тресеше животите на главните ликови. Зад Gossip Girl цело време стоеше никој друг, туку Ден.

Gossip Girl

Да, да, Ден!

Gossip Girl

Епизодата скокна и „пет години подоцна“, на денот на свадбата на Серена и Ден. Русокосата бунтовничка му рече „Да“ на осаменото момче.

Gossip Girl Gossip Girl

Од последните минути стана јасно дека Нејт се кандидира за градоначалник на Њујорк и дека Чак и Блер добија син кој е копија на својот татко.

Gossip Girl Gossip Girl Gossip Girl Gossip Girl Gossip Girl Gossip Girl Gossip Girl

Серијата заврши со гласот на Gossip Girl, која објави дека продолжува да живее. „Who Am I Now? That's One Secret I'll Never Tell. XоXо, Gossip Girl.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.