Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Од свадбениот албум: Џенифер Лопез прекрасна невеста во три венчаници за свадбата со Бен Афлек

Од свадбениот албум: Џенифер Лопез прекрасна невеста во три венчаници за свадбата со Бен Афлек

Џенифер Лопез промени три невестински фустани за свадбената прослава по повод стапувањето во брак со Бен Афлек.

53-годишната пејачка ги објави првите официјални фотографии од најсреќниот ден во нејзиниот живот и слободно може да се каже дека блеска на секоја од нив. Сите венчаници се рачно изработени и се дизајнирани од Ралф Лорен. Петте деца на парот исто така носеа облека од неговиот бренд.

Џеј Ло чекореше кон олтарот во венчаница со волуменозна опашка. Околу 1.000 парчиња тул рачно беа шиени и беа искористени 500 метри ткаенина за да се создаде безвременска креација.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

По завршувањето на церемонијата, славната музичарка промени уште две креации.

Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез Џенифер Лопез

Свадбата на парот е кулминација на нивната љубовна приказна која започна пред 20 години. Џенифер и Бен се запознаа на снимањето на филмот „Gigli“ во 2001 година, а веќе следната година тој ѝ предложи брак. За жал, пред свадбата, во септември 2003 година, тие изјавија дека ја одложуваат прославата поради големо медиумско внимание. Тие се разделија во 2004 година, а ја обновија романсата во април 2021 година.

Џенифер Лопез и Бен Афлек Џенифер Лопез и Бен Афлек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.