Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Не ми е гајле што мислат луѓето“: Моделот со облини Искра Лоренс возврати на критиките дека е дебела

„Не ми е гајле што мислат луѓето“: Моделот со облини Искра Лоренс возврати на критиките дека е дебела

Искра Лоренс е еден од моделите кои се пробија во модната индустрија благодарение на облините и смелоста да бидат различни од другите. Таа сега инспирира со огромната самодоверба, но тоа не било отсекогаш така.

Во интервју за списанието „Women’s Health“, 26-годишната девојка призна дека многупати била одбивана за време на кастинзите и дека честопати слушала дека е предебела. Наместо тоа да ја обесхрабри, Искра вели дека токму тоа ја направило она што е денес, подарувајќи ѝ безгрижност и самодоверба.

Искра Лоренс Искра Лоренс

„Јас одамна престанав да се грижам што мислат луѓето. Мислам дека тоа несомнено е најдоброто нешто кое произлезе од влегувањето во модниот свет на млади години, од одењето на кастинзи и постојаното критикување и слушање за тоа дека сум предебела. Тоа ми даде толку дебела кожа што сега си велам: Знаете што? Не ми е гајле што мислат луѓето. Јас ќе го правам она што го сакам“ – коментира таа.

Младата Британка има впечатлива мрежа од следбеници на социјалните мрежи, каде секојдневно инспирира и други жени да се сакаат себеси онакви какви што се. Само на Instagram, неа ја следат 3,2 милиони обожаватели.

Искра дополнително се прослави на интернет со тоа што повеќепати одбиваше компаниите да ги фотошопираат нејзините фотографии. Таа вели дека нејзиниот успех е резултат на долгогодишна борба.

„Луѓето го гледаат крајниот продукт, но не ја гледаат 13-годишната борба зад него. Тие ме гледаат мене и мојот начин на живот онлајн и си мислат: Па, таа стигна таму затоа што е привлечен модел. Тие не знаат низ што сум поминала, дека морав да мислам надвор од кутијата, како ги искористив социјалните медиуми за да пораснам, како се поврзував со луѓето, како држев говори на различни места. Сте знаеле ли дека имам држено мотивациски говори? Имам зборувано дури и на Харвард“ – вели таа.

Искра Лоренс Искра Лоренс

Во интервјуто, Искра зборувала дека во минатото многу посакувала да наликува на девојка која ја запознала за време на фотосесија, но дека тоа не е начин за да се успее во модниот свет. „Таа беше прекрасна, со руса коса, слаба и успешна. Се сеќавам дека мислев дека морам да бидам како неа, но колку повеќе се обидувате да бидете како некој друг, толку помалку успешни ќе бидете. Морате да бидете различни, тоа ќе ве издвои од останатите“ –објаснува Лоренс.

„Држев екстремни диети поради модната индустрија, бидејќи не можев да се соберам во нивната пробна облека. Си потрошив шест години, казнувајќи се себеси со агресивно вежбање. Си го деформирав телото. Ја пробав секоја луда диета“ – додава таа.

Искра во моментов е дел од модна агенција која ја сака токму онаква каква што е и ја поттикнува да ги следи своите соништа. „Откако се откажав од намерата да се променам, се откажав и од други работи кои одеа заедно – диетите и ограничувањата. Откако се откажав од тоа, храната за мене доби нов вкус“ – вели Искра.

Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс Искра Лоренс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11182 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.