Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Насмевни се иако срцето те боли“: Ванеса Брајант со трите ќерки пред мурал од Коби и Џиџи

„Насмевни се иако срцето те боли“: Ванеса Брајант со трите ќерки пред мурал од Коби и Џиџи

Ванеса Брајант е доказ дека човекот може сè да надмине и дека мајката секогаш ќе биде цврста како карпа за своите деца.

37-годишната сопруга на прерано починатиот кошаркар Коби Брајант со насмевка позираше со трите ќерки Наталија, Бјанка и Капри пред мурал од Коби и Џиџи. Фотографиите таа ги сподели на Instagram заедно со текстот од песната „Smile“ од Нет Кинг Кол.

„Насмевни се иако срцето те боли... Насмевни се, каква е користа од плачењето? Ќе откриеш дека животот сè уште вреди ако само се насмевнеш“ – се вели во текстот на песната.

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана го изгубија животот во хеликоптерска несреќа во Калабасас на 26 јануари годинава заедно со уште седум други лица.

Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант Коби Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.