Почетна » Новости » Шоу-бизнис » На кое место остана Јана? Кој гласаше за Македонија на Евровизија и на кои земји им ги дадовме нашите гласови?

На кое место остана Јана? Кој гласаше за Македонија на Евровизија и на кои земји им ги дадовме нашите гласови?

Евровизија заврши со победата на Португалецот Салвадор Собрал. Нашата претставничка Јана Бурческа не успеа да ни обезбеди место во финалето, иако имаше огромна поддршка од евровизиската публика.

Денес беа објавени табелите со рангирањето на учесниците во полуфиналните вечери и стана јасно на кое место остана Јана и кои земји ѝ дадоа поени на Македонија.

Имено, во втората полуфинална вечер, Јана заврши на 15-то место со вкупно 69 поени. Од нив, 40 поени беа од гласањето на публиката, додека 29 поени од стручните жирија.

Евровизија Публиката од Бугарија ни даде 12 поени, потоа на табелата е Србија со 10 поени, а следуваат Хрватска со 6 поени, Израел со 5 поени, Сан Марино со 4 поени и Швајцарија со 3 поени.

Евровизија

Стручните жирија од Малта и Франција ни доделија по 8 поени, жирито од Србија ни даде 5 поени, жиријата од Украина и Норвешка имаа за нас по 3 поени, додека унгарското жири ни даде 2 поени.

Евровизија

Македонската публика најмногу поени ѝ даде на Србија (12). На Бугарија ѝ даде 10, на Хрватска 8, на Израел 7, на Унгарија 6, на Швајцарија 5, на Естонија 4, на Романија 3, на Холандија 2, а на Ирска 1.

Евровизија

Македонското жири ги почести Бугарите со 12 поени, а Романците со 10 поени.

Евровизија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11098 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.