Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Меѓу најстарите татковци: Ал Пачино доби дете на 83 години со 29-годишната девојка, го откри полот и името на бебето

Меѓу најстарите татковци: Ал Пачино доби дете на 83 години со 29-годишната девојка, го откри полот и името на бебето

Ал Пачино во деветтата деценија од животот повторно заплива во родителските води со раѓањето на ЧЕТВРТОТО дете.

Легендарниот актер објави дека неговата девојка Нур Алфала се породи преку нивниот претставник за јавноста, кој соопшти: „Потврдувам дека Ал Пачино и Нур Алфала добија син, кој се вика Роман Пачино“.

83-годишниот актер и неговата 29-годишна партнерка пред два дена беа фотографирани додека се упатуваа на вечера во Вест Холивуд.

Ал Пачино Ал Пачино Ал Пачино Ал Пачино

Пачино има и три други деца – 22-годишните близнаци Антон и Оливија со поранешната партнерка Беверли Дианџело и 33-годишната Џули Мари со бившата девојка Џен Тарант.

Ал Пачино

Со новородениот наследник, популарниот актер влезе на листата на најстари „нови“ татковци.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11897 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.