И покрај здравствените предизвици, Маја Андоновска Илијевски блесна на 79-тиот роденден на Битолскиот театар.
Успешната актерка, која веќе неколку години ја има и улогата на директорка на Центарот за култура во Битола, изгледаше како холивудска дива во црвена креација.
На сцената таа застана и настапи заедно со своите колеги од театарот. Маја пееше и глумеше и собра многу комплименти за својот изглед.


„Колку го сакам Битолски театар? После хоспитализација, 10 инфузии, и слични нешта, без и да ставам на дневен ред дали можам/неможам , затоа што сакав - си се дотерав, Стефи ме нашминка, се подготвив, се насмеав, направив селфи со дел од колегите кои се колекционери на спомени како мене и си застанав да настапам на прославата на 79 роденден.“
„Ние актерите работиме и кога сме среќни, и кога тагуваме, и кога сме здрави и кога боледуваме...“
„Да се разбериме – не сите! Има и такви кои ќе ти речат ‘Ти си луда’! Тоа е јасно. Ама таквите не треба да се занимаваат со театар. Тие кои сме фанатици за театар, тие на кои театарот сè уште ни е светол храм, љубов прва и последна секогаш си ја даваме душата максимално.“
„Битолскиот театар е мојот избор, на кој секогаш му се радувам како првиот пат кога згазнав на неговата сцена во 2006 година. Првиот театар во Македонија каде се изиграла претстава на македонски јазик.“
„Среќна 79-ка театару мој! Уште многу години да славиме заедно“ – напиша Маја.













Фотографии: Диоген Хаџи-Коста Милевски / Маја Андоновска Илијевски