Марија Шерифовиќ е пресреќна што стана мајка и воопшто не го крие тоа од јавноста.
За Св. Валентин, 39-годишната српска пејачка танцуваше со својата најголема љубов – синчето Марио. Во видеото споделено од неа, таа ја пее песната „Долази љубав“, која му ја посвети на своето мило чедо.
„Среќен Ден на вљубените“ – напиша таа.
Шерифовиќ го доби синчето Марио со помош на сурогат-мајка. Кратко време по неговото раѓање, таа призна дека се обидела сама да износи бременост, но не успеала.
