Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Малума возврати на критиките откако сподели фотографија на која ја бакнува мајка си в уста

Малума возврати на критиките откако сподели фотографија на која ја бакнува мајка си в уста

По повод Денот на мајката, Малума сподели две фотографии. На едната од нив, 25-годишниот пејач ја бакнува мајка си Марли в уста, за што веднаш привлече бројни критики.

„Среќен ден на љубовта на мојот живот. Среќен Ден на мајката“ – напиша тој во описот.

„Тоа е болна работа“, „Дали ова ти е мајка или девојка?“ – пишуваат неговите фанови во коментарите, а многумина се едногласни и дека не станува збор за тоа што бакнежот е уста на уста, туку дека е премногу страсен за бакнеж помеѓу мајка и син.

Малума со мајка си

Само што почнаа да се нижат негативни коментари, претставник на Малума изјави дека тоа се смета за нормално во Колумбија.

„Тоа е нормално во латино културата, особено ако си единствен син или најмал член во семејството. Тоа е љубов и форма на почит. Тој е отворен за тоа што е и неговите културни вредности. Ова е само дел од тоа“ – изјавил претставникот на славниот Колумбиец.

Малума со мајка си

Ова не е првпат Малума да сподели фотографија на која со мајка му се бакнуваат в уста.

Малума со мајка си Малума со мајка си

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.