Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген ја сподели првата фотографија од новородениот син и неговото име

Криси Тиген ја сподели првата фотографија од новородениот син и неговото име

Криси Тиген и Џон Леџенд го претставија малиот син пред светот. 32-годишниот модел објави фотографија од новороденчето и сподели дека тоа го добило името Мајлс Теодор Стивенс.

Славниот пар има и 2-годишна ќеркичка која се вика Луна.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Криси и Џон долги години се бореа со неплодност. Тие се обидувале да имаат бебе ДЕВЕТ години пред да ја добијат Луна благодарение на ин витро оплодување.

Јасно беше дека второто дете на парот ќе биде момче, бидејќи Криси јавно објави дека полот на првото бебе го избрала сама и дека за второто им останал машки ембрион.

„Реков дека следното бебе ќе биде машко, бидејќи таков е ембрионот кој ни останува. Момче. Да“ – напиша таа на почетокот од втората бременост на Twitter.

Криси Тиген и Џон Леџенд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.