Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген со слатко видео сподели дека е бремена со второто дете со Џон Леџенд

Криси Тиген со слатко видео сподели дека е бремена со второто дете со Џон Леџенд

Криси Тиген и Џон Леџенд го прошируваат своето семејство. Славниот модел сподели дека е во блажена состојба со слатко видео со ќеркичката Луна.

Во кратката домашна снимка, Криси му вели на малото девојче „Што има тука?“, а тоа веднаш одговара „Бебе“.

Во изминативе недели, Криси неколкупати беше фотографирана додека со долги мантили и чанти се обидуваше да го покрие стомачето и со тоа поттикна гласини за втора бременост.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Криси и Џон долги години се бореа со неплодност. Тие се обидувале да имаат бебе ДЕВЕТ години пред да ја добијат Луна благодарение на ин витро оплодување.

Криси Тиген и Џон Леџенд Криси Тиген и Џон Леџенд

Иако засега парот нема споделено каков ќе биде полот на второто бебе, речиси е сигурно дека ќе биде момче. Криси јавно објави дека полот на првото бебе го избрала сама и дека за второто им останал машки ембрион.

„Реков дека следното бебе ќе биде машко, бидејќи таков е ембрионот кој ни останува. Момче. Да“ – напиша таа на Twitter.

Џон и Криси се верија во декември 2011 година, а стапија во брак во септември 2013 година.

Криси Тиген и Џон Леџенд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9522 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.