Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Криси Тиген и Џон Леџенд добија ќерка

Криси Тиген и Џон Леџенд добија ќерка

Криси Тиген и Џон Леџенд имаат среќни вести. Славниот пар пред три дена му посака добредојде на своето прво дете – ќеркичката Луна Симон Стивенс.

Криси Тиген и Џон Леџенд

Познатиот модел се породи на 14 април, а денес со слатка фотографија ја сподели радосната вест со своите обожаватели на Instagram. Во описот на фотографијата, која покажува дека девојчето се роди тешко 3 килограми, Тиген напиша: „Таа е тука! Луна Симон Стивенс, ние сме толку заљубени во тебе! И поспани. И многу поспани“.

Тиген и Леџенд долго време се бореа со неплодноста, а преку ин витро постапка по многу обиди Тиген успеа да забремени. Во текот на бременоста, таа сподели дека сама го избра полот на бебето, бидејќи сметала дека нејзиниот сакан сопруг би бил совршен татко на девојче.

Криси Тиген и Џон Леџенд

30-годишната манекенка и 37-годишниот пејач беа во врска четири година пред да се верат во декември 2011 година. Тие ја крунисаја својата љубов со брак во септември 2013 година во Комо, Италија.

She's here! Luna Simone Stephens, we are so in love with you! And sleepy. Very sleepy.

A photo posted by chrissy teigen (@chrissyteigen) on

Криси Тиген и Џон Леџенд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.