Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Крај за насилството: Дејвид Бекам со моќно видео против насилството врз децата

Крај за насилството: Дејвид Бекам со моќно видео против насилството врз децата

Како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, Дејвид Бекам сними моќно видео со кое се бори против насилството врз децата.

Во едноминутното видео, на телото на 41-годишниот поранешен фудбалер прикажани се тетоважи кои „оживуваат“ и доловуваат различни ситуации на малтретирање на деца – од насилни родители и соученици до сексуална злоупотреба.

„Насилството може да остави траен белег врз децата. Имам сретнато деца кои биле жртви на ужасно насилство и злоупотреба и ги имам видено долготрајните лузни кои може да ги остават. Јас ги избирам белезите на моето тело, но милиони деца носат белези кои не ги избрале“ – напиша Бекам во описот.

На крајот од видеото, славниот спортист вели: „Насилството врз децата ги обележува засекогаш. Погрешно е. Стави му крај.“

Анимациите на телото на Бекам прикажуваат најчести форми на насилство кои се случуваат на места каде децата треба да бидат безбедни – во домот, на училиште...

„Амбасадорот на добрата волја Дејвид Бекам има многу тетоважи. Секоја од нив претставува среќен или важен спомен за него. Но, низ светот милиони деца носат белези кои не ги избрале: физичките и психолошките лузни од насилството“ – пишува на сајтот на УНИЦЕФ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.